Skip to content
Комунална такса за привремен престој
Вид - Име на услугата

Комунална такса за привремен престоj

Потребни документи

Туристичката такса се наплатува од страна на давателот на угостителските услуги со пополнување на уплатница со цел на дознака Туристичка такса за привремен престој и сумата која ќе биде уплатена кон страна на општина Кавадарци од страна на физичкото лице кое давател на угостителските услуги

Административна такса

Административна такса се наплатува за поднесување на барање за категоризација на угостителски објекти во вредност од 1000 денари плус 50 денари. По извршената категоризација од страна на комисијата за категоризација и добиеното решение за категоризација, физичкото лице поднесува уште едно барање за упис во регистерот на категоризирани угостителски објекти од мал обем во вредност од 600 дена плус 50 денари. дополнително барање од 250 денари плус 50 денари

Прием на барањето

Барањето се поднесува во граѓански сектор при општина Кавадарци а истото се спроведува до овластениот инспектор за туризам и угостителство кои истото го спроведува до комисијата за категодизација на угостителски објекти од мал обем.После поднесувањето на барањето комисијата има рок од 8 работни дена да излезе на лице место ида констатира дали објектот ги исполнува минално техничките услови пропишани со законот за туристичка и угостителска дејност на Р.С.М

Место на реализација

Таксата се наплатува од физичко лице-кое користи услуга на ноќевање од страна на давател на услуга на ноќевање-од угостителско-туристички сектор, кој потоа ја уплатува на општината

Рок на реализација

Се наплаќа на дневен основ за физичко лице кое ноќева, а давателот на услугата најдоцна до 15ти во месецот ги уплаќа 80% на сметка на општината, а 20% на сметка на Буџетот на РСМ.
Да се внесат и податоците за уплата на таксата (уплатна сметка, приходна шифра итн.) Туристичката такса се уплатува на Трезорска сметка : 100000000063095, приходна шифра : 84013203205 и конто 717111. Туристичката такса се наплатува по основ на извршено ноќевање во сметувачкиот објект.

Начин на доставување на услугата / документот

Барањата се поднесуваат лично од страна на физичкото лице кое има намера да изврши категоризација на угостителскиот објект .Барањето се доставува до Граѓански центар при општина Кавадарци кое потоа по службена должност се процесира до архива а понатаму до содветните општински служби.

Потребни барања

Барање за категоризација на угостителски објект од мал обем, Барање за упис во регистерот на категоризирани угостителски објекти од мал обем и барање за бришење од регистерот на категоризирани угостителски објекти од мал обем.

Рок на жалба

Рок на жалба е 15 дена од приемот на решението. Решението се издава со важност од 3 години

Законски основ

Закон за такса за привремен престој

Забелешка

/