Skip to content
Административна такса за поставување на урбана опрема
Вид - Име на услугата

Издавање на одобрение за поставување на урбана опрема

Потребни документи

Заверен елаборат

Административна такса

Административна такса во износ од 1000 + 50 TM на уплатна сметка: 84013203182 приходнашифра и програма: 72231500

Прием на барањето

Барањето се поднесува до сектор за комунално уредување, урбанизам, сообраќај и заштита на животна срдина во граѓански центар за услуги

Место на реализација

Сектор за комунално уредување, урбанизам, сообраќај и заштита на животна средина

Рок на реализација

Во зависност од рокот кој е наведен во барањето на поднесителот

Начин на доставување на услугата / документот

Барањето се поднесува лично или електронски во граѓански центар за услуги или во архива на Општина, а решението се доставува лично на подносителот или по пошта

Потребни барања

Увид на самото место и канцелариска проверка дали елаборатот е изработен согласно Програмата донесена од Советот на општината со која се утврдува број, вид, големина како и локациите и објектите на кои може да се постави истата.

Рок на жалба

Против управниот акт не се предвидува жалба како редовно правно средство, следствено на истото не се утврдува рок за жалба

Законски основ

Закон за административни такси

Забелешка

/